Линкови за пристапност

Шефот на мафијата Матео Месина Денаро уапсен во Италија


Еден од најбараните луѓе во Италија, шефот на мафијата Матео Месина Денаро, е уапсен.

АНСА, италијанската новинска агенција, во понеделникот објави дека наводниот бос на сицилиската мафија Каза Ностра, кој бил во бегство 30 години, бил уапсен од полицијата во приватна клиника во Палермо.

Италијанската државна телевизија соопшти дека Денаро бил одведен на тајна локација веднаш по неговото апсење.

Суден во отсуство за десетици убиства, вклучувајќи ја и смртта на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година, 60-годишниот Денаро се соочува со повеќекратни доживотни затворски казни.

Денаро еднаш рече дека може да „пополни цели гробишта“ со своите жртви.

Минатиот септември, полицијата соопшти дека иако Денаро бил во бегство 30 години, тој сепак можел да издава наредби за мафијата околу градот Трапани во западна Сицилија.

„Во 2015 година, полицијата откри дека тој комуницира со своите најблиски соработници преку системот пицини, каде што ситни, свиткани хартиени белешки биле оставени под карпа на фарма во Сицилија“, се вели во извештајот на агенцијата Франс прес.

Премиерката Џорџија Мелони во изјава рече дека апсењето на Денаро е „голема победа“ за борбата на Италија против организираниот криминал.

Информациите за овој извештај се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG