Американскиот државјанин, кој речиси една година беше во притвор во Русија, беше ослободен вчера.
Тејлор Дадли, кој има 35 години, бил приведен кога преминал од Полска во Калининград, во близина на Москва, минатата година во април.
Си-Ен-Ен објави дека притворот на жителот на Мичиген не бил познат за јавноста бидејќи неговото семејство сакало преговорите за неговото ослободување да останат приватни.
Тој присуствувал на музички фестивал во Полска, но не е јасно зошто ја преминал границата со Русија.
Се чини дека не е направена размена за Дадли од страна на САД.
Преговорите за ослободување на Дадли ги водел поранешниот гувернер на Ново Мексико, Бил Ричардсон.