Линкови за пристапност

Меѓупартискa група законодавци ќе ја преразгледаат политиката на САД кон Кина


Со 365-65 гласа, Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за создавање на специјален комитет за односите со Кина.
Со 365-65 гласа, Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за создавање на специјален комитет за односите со Кина.

Конгресната евалуација на американската политика кон Кина се очекува темелно да започне на почетокот на следниот месец.

Со 365-65 гласа, Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за создавање на специјален комитет за односите со Кина. Спикерот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти го назначи републиканскиот конгресмен Мајк Галагер да претседава со работата на комисијата.

„Многу законодавци се заинтересирани. Зборував со републиканската пратеничка група ова утро и многумина изразија интерес. Оптимист сум дека ќе имаме прилично сериозна група законодавци со широк опсег на искуство што е релевантно на прашањата со кои се соочуваме во моментов“, рече Галагер во интервјуто за Гласот на Америка на мандарински.

Галагер изјави дека комисијата очекува да го одржи првото сослушување на почетокот до средината на февруари и ќе биде составена од дво-партиска група законодавци.

„Демократите кои изразија интерес да ми се придружат се луѓе што ги почитувам и имаат искуство што би било добро за работата на оваа комисија“, рече тој.

XS
SM
MD
LG