Линкови за пристапност

Летовите во САД постепено продолжуваат по утринскиот прекин


Федералната управа за авијација соопшти дека нормалните операции на воздушниот сообраќај постепено се обновуваат низ САД откако имаше прекин поради еден од нивните компјутерски системи.

Претходно, Федералната управа за авијација на САД им нареди на авиокомпаниите да ги прекинат сите домашни полетувања во средата наутро, откако е лоциран проблем со еден од нивните компјутерски системи. Околу 90 минути откако првпат беше пријавен проблемот, агенцијата твитна дека наредила запирање на новите летови за уште 90 минути „за да и се овозможи на агенцијата да го потврди интегритетот на информациите за летот и безбедноста“.

ФАА соопшти дека проблемот е поврзан со системот за мисии во воздух. „Ова утро бев во контакт со ФАА за прекин кој влијае на клучниот систем за обезбедување безбедносни информации за пилотите“, напиша на Твитер секретарот за транспорт Пит Бутиџиг. Тој додаде дека „ФАА работи на решавање на овој проблем брзо и безбедно за воздушниот сообраќај да може да продолжи со нормална работа и ќе продолжи да обезбедува ажурирања“.

Претседателот Џо Бајден рече дека разговарал со Бутиџиг и му наредил на Одделот за транспорт директно да го брифира за ова прашање. „Авионите сè уште можат безбедно да слетаат, само, не полетуваат во моментов. Тие не знаат која е причината за тоа. Тие очекуваат за неколку часа да знаат повеќе“, им рече Бајден на новинарите во средата наутро.

Претходно, портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, твитна: „Во овој момент нема докази за кибернетски напад, но претседателот нареди да спроведе целосна истрага за причините“.

ФАА ќе има редовни ажурирања за состојбата.

https://twitter.com/PressSec/status/1613153561289932800?s=20&t=RtjrfSvVXecqVIjCN_6UkA

Проблемот првпат бил пријавен околу 6 часот наутро (источно стандардно време во САД), а до 7 часот имало 1.200 одложени летови, според веб-страницата за следење летови FlightAware.

Повеќето одложувања се на источниот брег на САД.

XS
SM
MD
LG