Воената поддршка за Украина и односите со Русија и Кина се меѓу клучните прашања додека чешките гласачи се подготвуваат да изберат нов претседател во петок, со тројца кандидати на гласачките места.
Меѓу нив е милијардерот Андреј Бабиш, поранешен премиер кој беше ослободен од обвиненијата за измама во понеделникот.
Имено, Бабиш беше обвинет во 2022 година затоа што ја одвоил својата фарма „Гнездо на штркот“ од неговата гигантска холдинг компанија „Агроферт“, со цел да се квалификува за субвенција од два милиони долари од Европската унија за мали компании.
Судијата на Општинскиот суд во Прага, Јан Сот, рече дека не е докажано дека неговите постапки претставуваат кривично дело. Државните обвинители размислуваат за жалба.
68-годишниот Бабиш го опиша обвинителството како „политички процес“.
Мислам дека е добра вест за целата Чешка, за сите граѓани на Чешката Република, дека живееме во земја со владеење на правото“, им рече тој на новинарите по пресудата во понеделникот.
Бабиш, кој беше премиер од 2017 до 2021 година, се смета за популист и политички сојузник на претседателот во заминување, Милош Земан. Бабиш ги критикуваше политиките на владата и Европската унија за прашања како миграцијата и поддршката за Украина. Тоа му донесе поддршка - но и ги поттикна неговите критичари.
Главните ривали на Бабиш се Петр Павел, пензиониран чешки генерал и поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО. Слоганот на неговата кампања е „Внеси ред и смиреност“.
Третиот водечки кандидат е Дануше Нерудова, поранешна економистка и ректорка на универзитет кој ветува прогресивно, проевропско претседателство. Таа ќе стане првата жена претседател на нејзината земја доколку биде избрана.
„И Петр Павел и Дануше Нерудова се многу посветени на Чешката Република како либерална демократија, а исто така и на нејзината улога во либералниот поредок пошироко.
Некои од информациите во овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.