Скопското јавно обвинителство денеска поднесе обвинителен акт против кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница „Филип Втори“ за кривично дело „измама” за кое се предвидува затворска казна од една до 10 години за Митрев и парична казна за болницата.
Според Обвинителството во истрагата е утврдено дека Митрев извршил прикривање на клучни факти за хемофилтрација – метод кој го прикажувал каков што не е, и не треба да биде. Така што пациентите биле доведени во заблуда дека хемофилтрацијата е алтернативен начин на лекување на корона без научни докази. Во обвинителството имало вкупно 283 пријавени оштетени кои биле дел од истрагата. Болницата пак имала имотна корист од 97,5 милиони денари односно околу 1,6 милиони евра наплатени за хемофилтрации.
Од Клиниката „Жан Митрев“ со став дека во судскиот процес ќе докажат дека обвинението е неосновано.
„Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев за измама. Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО“.