Линкови за пристапност

Кина ја одби понудата да разговара за неодамнешниот инцидент на кинески и американски авиони


Кина ja одби американската понуда да се одржат воени разговори околу воздушниот инцидент во која учествуваа кинески и американски авиони над Јужното Кинеско Море минатиот месец.

Според американски дипломатски извори, предложениот повик во петокот меѓу секретарот за одбрана Лојд Остин и кинескиот министер за одбрана Веи Фенг беше откажан откако Пекинг одби да учествува.

Откако Пентагон беше прашан за контактите на Остин со неговиот кинески колега, портпаролот на Пентагон, потполковникот Мартин Мајнерс изјави за Гласот на Америка: „Последен пат секретарот Остин разговараше со својот колега од Народна Република Кина (НРК) во ноември“.

Се очекува државниот секретар Антони Блинкен да отпатува за Кина за неколку недели. Без да разговара за спецификите на патувањето, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во четвртокот изјави за Гласот на Америка дека разговорите на Блинкен со високи кинески претставници ќе вклучуваат „области кои се предодредени од конкуренцијата, области каде што односите меѓу нашите две земји имаат потенцијал да бидат дури и противнички но и за области во кои можеме да бараме, па дури и да ја продлабочиме соработката“.

Се очекува дипломатот да се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, со првиот дипломат на Кина и член на кинеската Комунистичка партија Ванг Ји, како и со новоименуваниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, пратеник на Пекинг во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG