Линкови за пристапност

Во Калифорнија предупредување за невреме од дожд и снег


Националната метеоролошка служба денеска соопшти дека ги советува жителите во некои области на Калифорнија да се подготват за „две големи бури проследени со силен дожд и обилен снег на планинските места“ кои се очекува „брзо последователно да ја погодат Калифорнија во текот на следните неколку дена“.

Прогнозата за влажно време е дополнително комплицирана, велат од службата, со „енергични циклони кои се насочени директно кон Калифорнија“.

Обилни врнежи се очекуваат од 7 до 13 сантиметри воден талог во близина на брегот на Калифорнија, соопштија синоптичарите.

Обилните врнежи, велат метеоролозите, „ќе доведат до дополнителни случаи на поплави“, вклучувајќи „брзо издигнување на водата, лизгање на земјиштето и потенцијално големи поплави на реките“.

Во меѓувреме, во Сиера Невада, најверојатно, ќе наврне „силен снег кој ќе надмине два метри на повисоките места пред снегот да се намали во среда наутро“.

Службата предупреди дека обилниот снег што се очекува во Сиера Невада може да го направи патувањето „многу опасно до невозможно“.

XS
SM
MD
LG