Линкови за пристапност

Руски проектил погодил пазар во регионот Харков


Украинските власти соопштија дека руски проектил погодил пазар во регионот Харков, при што загинало едно лице, а неколку се ранети.

Официјалните лица рекоа дека проектилот го погодил селото Шевченков, кое се наоѓа на околу 75 километри од градот Харков.

„Ние брутално го осудуваме овој чин на терор“, напиша заменик-министерката за надворешни работи Емине Џапарова на Твитер заедно со видео и фотографии од голем кратер и зградата во пламен. „Единствениот соодветен одговор е повеќе оружје за Украина.

Русија постојано предупредуваше на западната воена поддршка за Украина, велејќи дека испораките на оружје од САД и украинските партнери во Европа ќе го влошат конфликтот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот во понеделникот изјави дека повеќе западни испораки на оружје ќе ги „продлабочат страдањата на украинскиот народ“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање во неделата рече дека првата недела од годината не донесе значителна промена долж линијата на фронтот, но дека тешките борби продолжија во регионите Луганск и Доњецк во источна Украина.

Зеленски ја истакна борбата за градот Бахмут, нарекувајќи го „едно од најкрвавите места на фронтот“. Украинската војска во понеделникот соопшти дека Русија испратила засилување во блискиот град Соледар како дел од „очајничкиот обид“ да го нападне.

Бахмут некогаш бил град со 70.000 жители. Сега е главно напуштен, неговото намалено население го одржуваат во живот волонтери кои помагаат во одржувањето на центрите за непобедливост, кои често се шатори поставени за да понудат електрична енергија, интернет услуги, топлина, вода и лекови.

Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG