Линкови за пристапност

Втора годишнина од упадот во Конгресот


Во петок се одбележува втората годишнина од упадот во американскиот Капитол на 6-ти јануари 2021, кога толпа поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп се обиде да го блокира процесот на потврдување на резултатите од претседателските избори во 2020.

Двопартиска група на членови на Конгресот на скалите на зградата оддадоа почит на загинатите припадници на обезбедувањето како резултат на нападот.

Американскиот претседател Џо Бајден денот го одбележа во Белата куќа со церемонија на доделување медали на 12 поединци, кои „направиле исклучителен придонес на демократијата во врска со 6-ти јануари 2021“.

XS
SM
MD
LG