Франција објави дека ќе испрати лесни оклопни возила во Украина, изјави во средата француски официјален претставник по телефонскиот разговор меѓу лидерите на двете земји.
Макрон му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Франција ќе испрати лесни борбени возила AMX-10 RC - модел на лесен тенк што француската војска го користела од 1980-тите, но постепено се отстранува - за да им помогне на нејзините воени напори против Русија, рече претставникот. „Претседателот Макрон сакаше да ја зголеми ... помошта“ за Украина со испорака на лесни тенкови AMX-10 RC, изјави помошник на Макрон за новинарите кој сакаше да остане анонимен по повикот.
„Тоа е првпат тенковите дизајнирани од Запад да им бидат доставени на украинските вооружени сили“. Во своето ноќно видео обраќање –
Зеленски и се заблагодари на Франција , додавајќи дека на Украина и се потребни други сојузници кои исто така ќе обезбедат потешко оружје. „Ова е нешто што испраќа јасен сигнал до сите наши партнери. Не постои рационална причина, зошто Украина сè уште не е снабдена со западни тенкови“, рече тој.
Франција не соопшти колку борбените возила ќе ѝ бидат доделени на Украина.