Линкови за пристапност

Трамп повика републиканците да го поддржат Мекарти во денешното повторно гласање за спикер во Претставнички дом


Републиканското мнозинство во новоизбраниот Претставнички дом на САД денес повторно ќе се обиди да избере спикер во Домот, еден ден откако 20 конзервативци ја поништија кандидатурата на конгресменот Кевин Мекарти за функцијата во три одвоени гласања, тврдејќи дека тој не е доволно посветен.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој повика некои од неистомислениците да ја изразат својата поддршка за пратеникот што тој го опиша како „Мојот Кевин“, јавно изјави за поддршката на пратеникот од Калифорнија во средата наутро, неколку часа пред новото гласање.

„Сега е време сите наши големи републикански членови на Домот да гласаат за Кевин, да го затворат договорот, да ја преземат победата“, рече Трамп на својата социјална мрежа.

Тој го предупреди тенкото републиканско мнозинство на 118-та сесија на Конгресот: „Републиканци, не претворајте голем триумф во огромен и срамен пораз. Време е за славење, вие го заслужувате тоа. Кевин Мекарти ќе заврши добра работа, а можеби и одлична работа!“, рече Трамп.

Дали новата изјава на Трамп ќе поколеба на некој од противниците на Мекарти беше нејасно. Поранешниот претседател, кој веќе ја најави својата кампања за 2024 година за да се обиде да ја врати Белата куќа, со недели ја изразува својата поддршка за Мекарти.

Трите гласања во вторникот го одбележаа првиот пат во последните 100 години ниту еден републиканец, ниту еден демократ да не го освои претседателското место на Претставничкиот дом во првиот круг на гласање и да стане лидер на 435-члениот дом.

XS
SM
MD
LG