Линкови за пристапност

Бугарскиот претседател додели нов мандат за формирање влада


АП - Бугарскиот претседател Румен Радев денес и додели мандат на втората по големина политичка партија во парламентот да формира влада.

Иако шансите за успех на реформистичката партија Продолжуваме со промените се слаби, нејзиниот мандатар Николај Денков рече дека „насобраа многу проблеми, реформите се одложуваат и ни треба влада која ќе ги обедини луѓето и ќе ги реши нивните проблеми."

Денков, 60-годишен професор по хемија и поранешен министер за образование, ќе има една недела да предложи кабинет, кој потоа треба да биде одобрен во парламентот.

Кабинетот ќе има потреба од поддршка од 121 пратеник во Националното собрание од 240 места за да ја преземе функцијата.

ССК, која ја предводеше владејачката четирипартиска коалиција која пропадна во јуни, има 53 пратеници.

Потегот доаѓа откако главната група во парламентот – централно десничарската партија ГЕРБ - не успеа да стави крај на последната политичка криза на ЕУ и членката на НАТО во услови на растечки економски проблеми и зголемени тензии со Русија.

Ако Денков не успее да собере мнозинство, што според аналитичарите е повеќе од веројатно, претседателот мора да избере трета партија по свој избор за да се обиде да формира владејачка коалиција и ако тоа не успее, тој ќе го распушти парламентот и ќе закаже предвремени избори за напролет.

Политичките аналитичари очекуваат дека новото гласање би можело да има сличен исход и да го продлабочи политичкиот ќорсокак што ја зафати најсиромашната членка на Европската унија.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG