Линкови за пристапност

24 годишен спортист од САД доживеа срцев напад


24 годишниот Дамар Хамлин, играч на Бафало Билс од Националната фудбалска лига (НФЛ), е во критична состојба откако за време на натпревар доживеа срцев удар.

Медицинскиот персонал веднаш интервенирал откако Хамлин паднал на теренот и веднаш бил испратен со брза помош во локална болница.

„Неговото чукање на срцето беше обновено на теренот и тој беше префрлен во медицинскиот центар за понатамошно тестирање и лекување“, се вели во соопштението на Билс рано во вторникот. „Тој моментално е под седативи и се наоѓа во критична состојба.

Играчите од Билс и противничките Синсинати Бенгалс беа видно потресени по инцидентот.

Лигата подоцна објави дека натпреварот е одложен.

Неколку играчи подоцна беа видени во болницата, како и голем број навивачи од двата тима кои се собраа надвор.

Во знак на поддршка за Хамлин, донациите за собирање средства што тој ги организираше претходно за да купи играчки за децата на кои им се потребни, се искачија на повеќе од 3 милиони долари.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG