Линкови за пристапност

Украина соопшти дека соборила руски беспилотни летала во најновиот воздушен напад  


Русија ја нападна Украина во текот на ноќта со, како што рекоа украинските власти, беспилотни летала, во цели меѓу кои и главниот град Киев.

Градските водачи рекоа дека украинската против воздушна одбрана работела во голема мера да го заштити Киев, со одредени оштетувања од фрагменти од соборени беспилотни летала.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во понеделникот изјави дека Русија испратила 40 дронови кон регионот на Киев и дека сите се уништени.

Русија користеше беспилотни летала Шахед од Иран за да изврши напади врз украинските градови и инфраструктурни локации.

„Руските терористи беа патетични и оваа година останаа исти“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање во неделата.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенција Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG