Линкови за пристапност

Влошено здравјето на поранешниот папа Бенедикт


Папата Францис денес изјави дека поранешниот папа Бенедикт е „многу болен“.

Говорејќи за време на неговата општа аудиенција, папата побара посебни молитви за Бенедикт.

„Можам да потврдам дека во последните неколку часа има влошување поради староста“, рече портпаролот на Ватикан, Матео Бруни во изјавата. „Ситуацијата во моментот останува под контрола, постојано е следена од лекарите“.

Ватикан соопшти дека и папата Францис отишол во посета кај Бенедикт.

95-годишниот Бенедикт поднесе оставка во 2013 година, наведувајќи меѓу другото за неговото опаѓање на физичкото и ментално здравје, со што стана првиот папа што го сторил тоа во последните 600 години. Оттогаш, тој живее во манастир на територијата на Ватикан.

На неколкуте фотографии што се појавија, Бенедикт изгледаше изнемоштен.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG