Линкови за пристапност

Продажбата за празниците во САД зголемена за 7,6 проценти и покрај инфлацијата


Продажбата преку интернет скокнала за 10,6 проценти од пред една година, според „Мастеркард Спендингпулс“, што ги следи сите видови плаќања, вклучувајќи во готовина и со  дебитни картички
Продажбата преку интернет скокнала за 10,6 проценти од пред една година, според „Мастеркард Спендингпулс“, што ги следи сите видови плаќања, вклучувајќи во готовина и со  дебитни картички

Продажбата во САД се зголеми оваа празнична сезона, и покрај зголемените цени на сè, од храна до кирија, објави Асошиетед прес.

Продажбата пораснала за 7,6 проценти, што е побавно темпо од зголемувањето од 8,5 проценти претходната година, кога купувачите почнаа да ги трошат парите што ги заштедиле на почетокт на пандемијата на ковид-19, според „Мастеркард Спендингпулс“, што ги следи сите видови плаќања, вклучувајќи во готовина и со дебитни картички.

„Мастеркард Спендингпулс“ очекуваше зголемување од 7,1 проценти. Податоците објавени денес ја исклучуваат автомобилската индустрија и не се приспособени за инфлацијата, која малку се намали, но останува многу висока.

Продажбата во САД помеѓу 1 ноември и 24 декември, период кој е критичен за трговците на мало, беше поттикната од трошењето во ресторани и за облека.

По категорија, облеката поскапела за 4,4 проценти, додека накитот и електрониката се намалиле за околу 5 отсто. Продажбата преку интернет скокнала за 10,6 проценти од пред една година, а трошењето лично се зголемило за 6,8 проценти. Стоковните куќи забележале скромен пораст од еден процент во однос на 2021 година.

„Оваа празнична сезона изгледаше поинаку од минатите години“, рече Стив Садов, поранешен извршен директор и претседател на „Сакс“ и висок советник за Мастеркард.

„Трговците на мало имаа големи попусти, но потрошувачите ги диверзифицираа своите празнични трошоци за да се приспособат на растечките цени и апетитот за искуства и празнични собири по пандемијата“, рече тој.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG