Линкови за пристапност

Конгресот одобри нови правила да се заштитат идните избори по нападот на 6 јануари


Бајден рече дека изборните промени ќе помогнат да се зачува волјата на народот
Бајден рече дека изборните промени ќе помогнат да се зачува волјата на народот

Конгресот во петокот донесе нова легислатива со која се регулира сертификацијата на претседателските избори, што досега е најсилниот напор да се избегне повторување на случајот со поранешниот претседател Доналд Трамп кој доведе до насилство по неговата загуба на изборите во 2020 година.

Претставничкиот дом усвои ревизија на Законот за пребројување на изборите како дел од масовниот нацрт-закон за трошоци на крајот на годината, откако Сенатот одобри идентична формулација во четвртокот. Законот сега оди кај претседателот Џо Бајден за негов потпис.

Одредбите за изменување и дополнување на законот од 1887 година, кој долго време беше критикуван како лош и збунувачки, добија двопартиска поддршка и ќе им отежнат на идните претседателски кандидати кои ќе изгубат на изборите да го попречат сертифицирањето на резултатите во корист на нивните противкандидати, како што се обиде Трамп.

Новиот закон, исто така, го зголемува прагот потребен за членовите на Конгресот да се спротивстават на сертифицирањето на резултатите.

Бајден во петокот го поздрави вклучувањето на одредбите во нацрт-законот за трошење, нарекувајќи го „критична двопартиска акција што ќе помогне да се зачува волјата на народот“.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG