Поскапувањето ќе зависи од тоа дали Регулаторите ќе ги прифатат барањата и ќе ги признаат трошоците на енергетските комапнии. Зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто влијае врз конечната цена на струјата. Четирите блока за тарифирање на потрошената струја кај домаќинствата остануваат исти, за малите потрошувачи ќе се воведува од 1 јули. Маржите за основните прехрамбени производи остануваат замрзнати до крајот на април, евентуално поефвтинување на цените е можно во јануари. Министерот Бектеши не исклучува носење на дополнителни мерки за ублаѓување на економската криза
СКОПЈЕ - Од 3,5 до 9 отсто поскапа струја од први јануари. Ова се проекциите на првиот човек на Регулаторната комисија Марко Бислимовски, откако до нив се доставени пресметките на трите енергетски компании во државата. Она што е јасно е дека покачувањето на ДДВ-то за струја од 5 на 10 отсто ќе влијае со 4,72 отсто на цената на струјата а доколу се прифатат сите барања на енергетските компании тоа ќе предизвика дополнително зголемување од 3,5 до 4 отсто.
„ Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 проценти на крајниот трошок, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција.
Како што е веќе познато ЕСМ му понуди цена од 56 евра за мегават час на униврзалниот снабдувач ЕВН Хоум што е за 16 отсто повисока од сегашните 48 евра. ЕВН Хоум пак до Регулаторината комисија поднел барање за зголемување на цената на струјата за пет отсто, преносниот оператор МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 отсто додека „ЕВН Електродистрибуција“ побарала намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 отсто. Бислимовски најави дека повеќе од извесно е дека трошокот за дистрибуција на електрична енергија ќе биде намален.
Во пресметките на регулаторите, во крајната цена на струјата која ќе ја плаќаат граѓаните од 1 јануари со 46 отсто учествува цената за набавка од ЕСМ, која е веќе позната - 56 евра, речиси 10 отсто одат за снабдувачот ЕВН Хоум, МЕПСО влијае со околу 4 отсто на цената а Електродистрибуција со над 35 отсто.
Она што ги засега граѓаните е дека останува истата граница на потрошени киловат чоасови струја на четирите блока за тарифирање кај домаќинствата. Иако имаше најави за поместување на граници, а од надлежните и за поевтинување на првите два блока на сметка на третиот и четвртиот, засега нема да има измени. Блокови за мали потрошувачи нема да има од 1 јануари.
„Блоковската структура и границите остануваат исти. Четири-пет месеци веќе се применуваат. Имаме добри резултати така што сега засега не планираме да ги промениме и ќе останеме со истите блокови. Нашите анализи покажаа дека во овој момент не може да се воведе блокови за малите потрошувачи, бидејќи кај нив има огромна шареноликост на потрошувачката. Правиме дополнителни анализи и тоа најверојатно ќе стартува од 1 јули“, кажа регулаторот Бислимоски.
Кога станува збор за цените на артиклите во маркетите и на основните прехранбени продукти, министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека веќе има намалување од 7 до 12 проценти. Во моментов има консултации со стопанските комори и очекува да има повтоно намалување во текот на месец јануари. Најави дека замрзнатите маржи на освноните прехранбени производи остануваат и по 31 декември.
„Веќе се стабилизираат цените особено на основните прехранбени производи. Ако е потребно ќе донесеме дополнителни мерки. Некои ланци на супермаркети ја добија пораката од Владата и самите ги замрзнуваат цените. Цените треба да бидат во интерес на граѓаните“, изјави министерот Бектеши.
Околу листата на производи кои наместо со 5 ќе се даночат со 10 отсто данок, Бектеши кажа дека таа сеуште се изготвува во финансии и пред да биде донесена од Владата ќе биде дадена на увид и предлози на стопанските комори и организациите за заштита на правата на потрошувачите. Објавувањето на листата тој го најави за втората половина на идниот месец.