Линкови за пристапност

Уапсени девет полициски службеници од „Табановце“


Командир, заменик командир, раководител на смена и шестмина полициски службеници с еосоменичени за злоупотреба на сложбената положба и за поткуп

СКОПЈЕ - Командирот и заменик командирот на полициската станица на граничниот премин „Табановце“ се меѓу деветмината уапсени во вчерашната акција на МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите. Меѓу уапсените се и раководител на смена на преминот како и уште шест полициски службеници.

Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување како и за примање поткуп.

„Акцијата ја изведе Одделот за спречување на организиран криминал. Извршени се претреси на работниместа но и во нивните домови за да се најдат предмети кои потекнуваат од кривичните дела“, соопшти министерот Спасовски.

Според неофицијални инфoрмации на граничниот премин е најдена кутија во која имало засега непозната сума на денари и девизи. Од МВР официјално нема потврда што е откриено и запленето кај осомничените полициски службеници.

Акцијата која вчера ја изведе МВР во содејство со Обвинителството за организиран криминал траеше неколку часа поради што граничниот премин „Табановце“ беше затворен за сообраќај и се создаде поголема колона на возила и патници кои негодуваа поради времето минато во чекање на преминот.

XS
SM
MD
LG