Линкови за пристапност

Нападот на Конгресот на 6 јануари немаше да се случи без Трамп, покажа извештајот од конгресната истрага


Извештајот детално го прикажува она што го опишува како обид на поранешниот претседател да го „корумпира Одделот за правда“
Извештајот детално го прикажува она што го опишува како обид на поранешниот претседател да го „корумпира Одделот за правда“

Комитетот формиран од Претставничкиот дом за да го истражи нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година го објави својот конечен извештај, збир на документи од 845 страници кои го поддржуваат тврдењето на комитетот дека нападот бил директно предизвикан од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Производ на повеќе од 17 месеци истрага, извештајот ги прикажува доказите собрани од илјадници интервјуа на сведоци, документи и електронски комуникации.

Според Комитетот, „тие докази доведоа до главен и директен заклучок: Централната причина за 6-ти јануари беше еден човек, поранешниот претседател Доналд Трамп, кој го следеа многу други. Ниту еден од настаните на 6-ти јануари немаше да се случи без него“.

Трамп постојано ги осудува комитетот и неговата работа и продолжи лажно да инсистира дека изборите во 2020 година му биле украдени.

Покрај испитувањето на самиот напад, извештајот го опишува притисокот на Трамп врз американските функционери, сојузни држави, законодавци и тогашниот потпретседател Мајк Пенс да манипулираат со системот или да го прекршат законот.

Објавувањето на извештајот следи по последното сослушување на Комитетот во понеделникот, на кое членовите го обвинија поранешниот претседател дека извршил повеќе кривични дела и го упатија до Одделот за правда на кривично гонење. Обвиненијата вклучуваат бунт, попречување на официјална постапка, заговор за измама на САД и заговор за давање лажна изјава.

Извештајот на комисијата, исто така, детално го прикажува она што го опишува како обид на поранешниот претседател да го „корумпира Одделот за правда“.

По изборите, поранешниот државен обвинител Вилијам Бар го информираше Трамп дека сите истраги за изборни нерегуларности преземени од Одделот за правда не успеале да најдат докази за измама доволно големи за да ги поништат резултатите од гласањето.

Соочен со континуираните тврдења на Трамп за измама, Бар ја објави својата оставка во декември 2020 година.

Извештајот документира дека, во неделите што следеле, Трамп презеде голем број чекори за да се обиде да ги убеди високите функционери во Ддделот да издаваат изјави во кои изразува сомневање за резултатите од изборите.

Укажувањето за кривично гонење нема правна тежина, но обемните записи од Комитетот ќе ги надополнат доказите собрани од Одделот за правда во сопствената истрага и би можеле да влијаат на конечната одлука дали да се гони поранешниот претседател.

XS
SM
MD
LG