Линкови за пристапност

ФИФА истражува како популарен турски готвач успеал да го држи трофејот на финалето на Светското првенство


ФИФА покренa истрага за тоа како познатиот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како „Солт Бае“ можел да излезе на теренот по епската победа на Аргентина над Франција во неделата, што преставува прекршување на протоколот.

На веб-страницата на светската фудбалска организација, трофејот е опишан како „еден од најголемите симболи во спортот“ кој „може да го допре и да го држи само многу избрана група на луѓе, која вклучува поранешни победници на Светското првенство на ФИФА и шефови на држави“.

ФИФА соопшти дека „утврдува како поединци добиле несоодветен пристап до теренот по церемонијата на затворање на стадионот Лусаил на 18-ти декември“.

Во соопштението се додава дека штом ќе заврши истрагата, „ќе бидат преземени соодветни внатрешни активности“.

XS
SM
MD
LG