Линкови за пристапност

Мислевме дека напад на суверена држава ќе гледаме само на Нетфликс, рече Османи за војната во Украина


Северна Македонија во овие нови геополитички околности и регионални случувања е доверлив партнер на меѓународната заедница, но и партнер од кој може да се очекува проактивност, вели министерот за надворешни работи 
Северна Македонија во овие нови геополитички околности и регионални случувања е доверлив партнер на меѓународната заедница, но и партнер од кој може да се очекува проактивност, вели министерот за надворешни работи 

Проценките на владиниот врв се дека неколккумесечната руска агресија врз Украина засега не претставува директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Едно од објаснувањата за таквото тврдење, според шефот на дипломатијата, е фактот што земјата веќе две години е дел од НАТО.

„Живееме во период на неизвесност кога и Европа и регионот се соочува со бројни предизвици“, вели Османи.

„Агресијата врз Украина беше пресвртна точка. Нападот на една држава врз суверена, независна држава со цел окупација мислевме ќе го гледаме само на Нетфликс, но еве се случува на нашиот континент притоа кршејќи ги основните принципи на меѓународното право. Северна Македонија во овие нови геополитички околности и регионални случувања е доверлив партнер на меѓународната заедница, но и партнер од кој може да се очекува проактивност.“

Едно од прашањата на кое на денешниот Форум, посветен на меѓународните безбедносни и политички предизвици, се бараше одговор беше што ќе донесе наредниот период и како Македонија треба да се подготви. Советите дојдоа од дипломати-ветерани.

„Оваа борба што сега се води меѓу Русија и Западот е борба меѓу светот на демократските земји и автократиите.Како земја која нема некои борбени потенцијали, најдобро што можеме да направиме е да покажеме дека функционираме успешно како демократско општество“, вели Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи.

Војната во Украина не е директна закана за безбедноста оти државата е дел од НАТО, вели Османи
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Зачестените дојави за поставени бомби, кои во последните два месеца станаа секојдневие, веќе се карактеризираат како хибридна војна која, според дел од експертите, треба да доведе до заострување на економската криза.

„Она што ни се случува денес во услови на хибридна војна - дојавите за бомби е продолжение на притисок за уште повеќе да се разгори економската криза на Балканот. Не случајно се избираат основните и средните училишта, бидејќи станува збор за деца и тоа е целта со овие дојави да се оневозможи родителите и компаниите успешно да работат“, вели Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет.

Дојавите за бомби не претставуваат реална закана, уверуваат од безбедносните институции, кои причините за оваа појава ги поврзуваат со позиционирањето на земјава во однос на војната во Украина.

„Една од претпоставките е позицијата на Република Северна Македонија во поглед на конфликтот во Украина, односно јасното застанување на страната на правдата во оваа држава. Но, кога ќе видите дека главната цел е психичка дестабилизација и негативно влијание врз граѓаните, сите претпоставки се отворени“, вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана.

Дојавите за бомби се најдоа и на сајтот на амбасадата на САД која издаде безбедносни насоки за американсите граѓаните во земјава.

XS
SM
MD
LG