Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе организираат прием во Белата куќа по повод празникот Ханука во понеделник навечер. Ќе биде осветлена менората која беше направена специјално за Белата куќа и ќе стане првиот еврејски артефакт додаден во архивите на Белата куќа.
Ханука, осумдневната еврејска прослава позната и како Фестивал на светлината, започна во неделата.
Националната менора на САД беше осветлена во неделата во Вашингтон.
Во неделата во Њујорк, најголемата менора на светот беше осветлена каде градоначалникот Ерик Адамс ја потсети толпата дека Њујорк е дом на повеќе Евреи од кое било друго место во светот.
Еврејските семејства ширум светот ќе ги запалат своите домашни менори за секој од осумте дена на Ханука. Оваа година Ханука завршува ден по католичкиот Божиќ.
Украсена менора изработена од затвореник во логорот Терезиенштат беше пронајдена по војната и сега се наоѓа во Еврејскиот музеј во Њујорк.