Линкови за пристапност

56 евра за мегават час е понудата на ЕСМ за ЕВН


16 отсто повисока цена од сегашата е понуната на ЕСМ за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.За мрежарина односно покривање на загубите ЕСМ нуди цена од 11 евра,м далеку пониска од сегашната 143 евар за мегават час. Се чека на тендерот на МЕПСО и понудата на ЕСМ а потоа на ред е Регулаторната комисија која треба да ги направи пресметките околу трошоците и да ја соопшти цената на струјата која ќе ја плаќаат граѓаните од 1 јануари. Премиерот Ковачевски вели дека нема да има ценовен шок




СКОПЈЕ – Поскапа струја и поефтина мрежарина. Ова се двете понуди на државната ЕСМ на тендерите на универзалниот сбандувач ЕВН Хоум и на Електродистрибуција. 56 евра за мегават час или 16,5 отсто повисока цена се понудата која државните електрани ја испратија во ЕВН а која беше доснесна со одлука на Владата на затворена седница во средата. По оваа цена државните електрани од 1 јануари до 30 јуни ќе ја продаваат произведената струја за целосно да ја покријат побарувачката на универзалниот снабдувач за регулираниот пазар. Реалната производствена цена на мегават час на ЕСМ изнесува 73 евра а разликата ќе се покрива со пари од Буџетот.

Кога станува збор мрежарината која всушност претставува за покривање на загубите односно кражбите во системот на Електродистрибуција, ЕСМ оди со цена од 110 евра за мегават час што е за 23 отсто пониска цена од сегашната која изнесува 143 евра.

Од ЕВН соопштија дека ЕСМ е единствениот понудувач на тендерот кој завршува денеска.

„ На повикот за набавка на електрична енергија за потребите за техничките загуби во системот на Електродистрибуција, за количини од 437.566 мвч за период јануари-јуни 2023г, АД ЕСМ поднесе понуда за цена од 110 евра за мвч наместо досегашните 143 евра. На повикот на ЕВН Хоме за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар за количини од 2.043.095 мвч за период јануари-јуни 2023г, АД ЕСМ се пријави со понуда од 56 евра за мвч наместо досегашните 48 евра“, соопштија од ЕВН.

Повисоката цена на ЕСМ нема да влијае врз цената на струјата која што од 1 јануари ќе ја плаќаат граѓаните и фирмите кои се на регулираниот пазар, повтори премиерот Ковачевски. Тој очекува намалување на цените во првите два тарфини блока и за малите фирми.

„Граѓаните нема да имаат ценовен шок на 1 јануари. Дури сметам дека оние граѓани кои најмалку трошат и најмногу заштедиле а тоа се во првите два тарифни блока нема да има зголемува. Оние кои многу трошат и тоа може да го поднесат финансиски тие ќе имаат зголемување. Значајно е да се случи со цената и со овие влезни параметри може да се изведе е да има намалување на цената на електрична енергија за регулираниот пазар кај малите потрошувачи а тоа се 70 илјади компании“, изјавиДимитар Ковачевски, претседател на Влада на РС Македонија

Која цена ЕСМ ќе ја достави до МЕПСО ќе се знае откако следната недела ќе биде објавен тендерот на оваа државна компанија. Откако ЕСМ ќе ги достави понудите односно цените на трите тендери на ред доаѓа Регулаторната комисија која што треба да ги направи пресметките, да пресече кои трошоци ќе ги признае и да ја формира конечната цена на струјата за регулираниот пазар која ќе важи од 1 јануари. Она досега е потврдено е дека ќе се зголеми ДДВ-то за струја од 5 на 10 отсто.

Кога станува збор за државните компании должници на ЕВН кои се пред исклучување поради неплатени сметки во висина од 35 милиони евра премиерот Ковачевски не откри од кои ставки во Буџетот се повлечени средства ниту пак дали ќе бара одговорност од раководителите.

„ Јас не сум човек кој е сензационалист, три пати ви одговарам од оваа говорница нема да посочувам со прст на луѓе кои што имаат свој професионален интегритет за да можа од тоа да правиме вести бидејќи секој кој обавува фунцкија треба да биде третиран согласно стандардите, а ја сум претпосване на сите тие“, рече премиерот Ковачевски.

Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ вчера во последен момент се спаси од исклучувње на струјата откако Владата испрати гаранции до ЕВН. Македонски Железници кои пак имаат долг од над 6,5 милиони евра вчера неколку часа беа во мрак. Известување со предупредување за исклучување ЕВН испрати до затворите, судовите и факултетите кои до 22 декември имаат рок да платат или да достават гаранции.

XS
SM
MD
LG