Линкови за пристапност

Русија војува како во Втората светска војна, може да биде ранлива на модерни напади, вели Британија


Министерството на Обединетото Кралство рече дека војувањето на Русија во последниве децении е главно напуштено од повеќето модерни западни војски
Министерството на Обединетото Кралство рече дека војувањето на Русија во последниве децении е главно напуштено од повеќето модерни западни војски

Русија денес започна ракетни напади низ Украина, насочени кон енергетската инфраструктура на земјата, продолжувајќи ја кампањата што веќе остави голем дел од земјата без струја и топлина.

Британското министерство за одбрана денес рече дека руската изградба на „обемни одбранбени позиции долж линијата на фронтот“ е застарена и „во голема мера непроменета“ од Втората светска војна.

Министерството рече дека конструкцијата најверојатно ќе биде „ранлива на модерни, прецизни, индиректни удари“.

Министерството на Обединетото Кралство рече дека изградбата е уште еден пример за „враќање на Русија кон позиционото војување, кое во последниве децении беше главно напуштено од повеќето модерни западни војски“.

Вчера, руското Министерство за надворешни работи ги предупреди САД дека доколку испорачаат софистицирани ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина, Москва ќе го смета за „провокативен потег“ што може да предизвика одговор од Кремљ.

Портпаролката на Министерството Марија Захарова, рече дека американското обезбедување на ракетите „Патриот“ за употреба во борбата против руските воздушни напади ќе претставува ескалација на улогата на САД во помагањето на владата во Киев да ја одбрани руската 10-месечна војна и „може да повлече можни последици“.

Дел од информациите во текстот се преземени од Ројтерс, Асошиетед прес и агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG