Линкови за пристапност

Снежно невреме го зафати среднозападниот дел на САД


Властите во Северен Тексас известија дека неколку луѓе се повредени и дека десетици домови и деловни објекти биле оштетени.
Властите во Северен Тексас известија дека неколку луѓе се повредени и дека десетици домови и деловни објекти биле оштетени.

Огромното невреме кое се движи кон исток низ САД предизвика торнада, уништи домови и повреди неколку луѓе во делови на Оклахома и Тексас, вклучително и во областа Далас-Форт Ворт.

Властите во Северен Тексас известија дека неколку луѓе се повредени и дека десетици домови и деловни објекти биле оштетени.

„Едноставно се случи одеднаш, нè фати непречено“, вели очевидец.

Во североисточниот квадрант на Колорадо, кој се граничи со Вајоминг, Небраска и Канзас, затворени се сите сообраќајници северно од (меѓудржавен автопат) I-70, според Државната патрола на Колорадо.

Поголемиот дел од централниот дел на САД се подготвуваа за услови слични на снежна бура, од Карпестите Планини до Средниот Запад.

Извесна штета од торнадо беше забележана во Оклахома, а синоптичарите предупредија дека Луизијана, Арканзас и Мисисипи, исто така, може да забележат поплави и торнада од истиот временски систем.

XS
SM
MD
LG