Линкови за пристапност

Бројот на хоспитализирани со ковид во САД зголемен за 30 проценти за две недели


Голем дел од хоспитализираните се постари луѓе и оние со постоечки здравствени проблеми, велат Центрите за контрола и превенција на болести
Голем дел од хоспитализираните се постари луѓе и оние со постоечки здравствени проблеми, велат Центрите за контрола и превенција на болести

Хоспитализациите како последица од коронавирус во САД повторно се зголемуваат, а постарите возрасни лица имаат поголем ризик да починат. Помалку од половина од старите лица во домовите се информирани за вакцинациите против ковид-19.

Хоспитализациите на лица со ковид-19 се зголемени за повеќе од 30 проценти за две недели. Голем дел од хоспитализираните се постари луѓе и оние со постоечки здравствени проблеми, рече д-р Рошел Валенски, директор на Центрите за контрола и превенција на болести. Бројките ги вклучуваат сите кои се позитивни на тестот, без разлика зошто се примени.

Како што раководителите на старечките дом ги удвојуваат напорите да ги вакцинираат вработените и згрижените со новата верзија на ковид вакцината, која сега се препорачува за оние од 6 месеци и постари, тие се соочуваат со отпор, дезинформации и замор од ковид-19.

Олеснувањето на ограничувањата, поширокиот имунитет кај општата популација и мешаните пораки за тоа дали пандемијата е завршена, го ублажија чувството на закана што го чувствуваат помладите возрасни.

Тоа може да биде добредојдено за повеќето, но вознемирувачки е што се шири и во домовите за стари лица.

Добивањето согласност од семејството за вакцинирање на стари лица во домови стана потешко, велат раководителите на старечки домови.

Некои страи лица кои можат да дадат сопствена согласност ги одбиваат вакцините, а само 23 проценти од персоналот на старечките домови е во тек со вакцините против ковид-19.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG