Линкови за пристапност

Во Велика Британија снежното невреме однесе три детски животи


Три деца кои си играле на ледено езеро во близина на Бирмингем во неделата починале откако паднале низ мразот. Би-Би-Си вели дека момчињата биле на возраст од 8, 11 и 12 години. Четвртото момче, на возраст од шест, e задржано во болница во критична состојба.

Асошиетед прес објави дека работниците за итна помош цела ноќ барале уште две деца за кои се мислело дека се со групата.

Снежното невреме во Британија ќе биде дополнитено проблем со оглед на енергетската криза.

Ројтерс објави дека две централи за јаглен се ставени на подготвеност „во случај на прекин на електричната енергија во текот на зимата“.

Снегот и мразот ги нарушија воздушните, автобуските и железничките транспортни мрежи во понеделникот, еден ден пред планираниот национален железнички штрајк кој веќе се очекуваше да предизвика хаос во транспортот.

Училиштата беа затворени во многу области.

Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

XS
SM
MD
LG