Линкови за пристапност

Вашингтон ги повика Приштина и Белград да преземат итна акција за смирување на ситуацијата


И Пендаровски рече дека ставот на Северна Македонија е за наоѓање севкупно решение
И Пендаровски рече дека ставот на Северна Македонија е за наоѓање севкупно решение

И официјално Скопје се приклучува на повиците на меѓународната заедница за смирување на ситуацијата на северот на Косово. Пораките од македонскиот државен врв следат по ескалацијата на состојбата поради интервенциите на косовската полиција и блокадите на српското население.

Во екот на тензиите меѓу Белград и Приштина кои го вознемирија регионот, ЕУ и американската администрација, првиот човек на косовското собрание, Глаук Коњуфца, допатува во земјава. Од шефот на државата го слушна ставот дека Северна Македонија е за наоѓање севкупно решение.

„Претседателот Пендаровски повика на нормализирање на односите со што ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, како на нашите соседи, така и на целиот регион. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Република Северна Македонија го поддржува дијалогот Белград-Приштина за изнаоѓање сеопфатно решение, со посредство на ЕУ и САД“, информираа од кабиентот на Пендаровски.

И спикерот Taлат Џафери повтори дека Белград и Приштина треба да ја деескалираат ситуацијата и да работат на нормализирање на односите.

„Во однос на дијалогот Приштина – Белград, нашиот став е ист како и претходно - целосна поддршка до постигнување на конечен договор, прифатлив за двете страни, договор со кој ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на двете земји и на целиот регион. Се разбира, постигнатиот договор за регистарските таблички со посредство на ЕУ е акт кој што влијае на намалувањето на тензиите на северот на Косово и е позитивен знак и поттик за продолжување на преговорите се до нормализирањe на односите меѓу двете земји“, рече Џафери.

Првиот човек на косовското собрание Глаук Коњуфца во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00

Коњуфца уверува дека Косово е за решавање на проблемите низ дијалог, истовремено обвинувајќи го Белград дека ги поттикнува и поддржува активностите на северот на Косово. Ја повика меѓународната заедница да делува.

„Овие постапки на Србија се неприфатливи, а тие имаат за цел дестабилизација на државата Косово. Стоиме обединети во осуда на овие постапки на Србија и во одбрана демократијата на Косово. Целта на Србија е ескалација на ситуацијата во Косово, а кај нас е токму спротивното, ние сакаме деескалација на ситуацијата. Тоа што ние би сакале е ЕУ и меѓународната заедница да биде малку погласна во однос на осуда на ваквите јавно признанени организирани настапи на експонентите на северот на Косово кои преземаат незаконски дејствија. Нема да дозволиме внатре, на територијата на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ да командува преку овие банди“, изјави Глаук Коњуфца, претседател на Собранието на Косово.

Вучиќ најави дека Белград ќе испрати барање до командантот на КФОР да дозволи распоредување на српската војска и полиција на Косово по влошувањето на безбедносната ситуација.

Вашингтон, преку заедничко соопштение на амбасадите во Приштина и Белград, изрази загриженост за состојбата и повика инволвираните страни да покажат максимална воздржаност и да преземат итна акција за смирување на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG