Линкови за пристапност

16 милиони евра чини струјата за декември што досега ја купи ЕСМ


Речиси 40 милиони евра е сумата која ја потроши ЕСМ за купување на струја од слободниот пазар минатиот и овој месец за да го надомести недостатокот од домашното производство. Иако првочно планирани 48 илјади мегават часа струја овој месец ЕСМ ќе купи дури 64 илјади. Во моментов цената на мегават час струја на слободниот пазар е над 400 евра

СКОПЈЕ – Иако најавено комплетно покривање на потребите за електрична енергија на домаќинствата и фирмите, ЕСМ секојдневно купува електрична енергија од слободниот пазар за кои плаќа милионски суми.

За првите 18 дена од овој месец ЕСМ потроши 16,3 милиони евра со кои од слободниот пазар купи 40.600 мегават часови струја. Склучени се четири договори за набавка. Според официјално објавените договори за набавка цената по мегават час се движи од 365 до 470 евра или во просек нешто над 400 евра.

Од државната компанија инфромираат дека наместо планираните 48 илјади мегават часови струја овој месец, од слободниот пазар ќе купи 64 илјади мегават часови струја за кои според неофицијланите проценки ќе се потрошат дополнитено околу 8 милиони евра.

„АД ЕСМ со сопственото производство целосно ги задовололува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО“, соопштија од државната компанија.

Во октомври ЕСМ не набавуви електрична енергија од слободниот пазар и заштеди неколку милиони евра но тоа се должи на фактот дека временски прилики беа поволни а температурите натпросечни. Но во ноември почнаа набавките од слободен пазар и за 30 дена ЕСМ потроши 23 милиони евра. Ако се додаде и сумата потрошена за 18 дена во декември се доаѓа до потрошени 40 милиони евра.

Од ЕСМ се на ставот дека зголемените набавки се резултат на тоа што од први декември на ЕСМ Продажба се приклучени и други потрошувачи по одлука од Влада, како фирми од прехранбената индустрија, училиштата и водостопанствата.

Дупката во домашното производство на електрична енергија полека почна да се намалува откако неделава на енергетската мрежа беа приклучени термоелектраните Осломеј и Неготино кои во ноември беа надвор од погон поради ремонт односно дефект. Во моментов најголемиот дфомашен производствен капацитет РЕК Битола работи со два блока и се чека испорака на трансформаторот неопходен за старт на работа на Блок 3 во комбинатот.

Според официјалните податоци на Владата, во изминатото деноноќие домашните капацитети произведоа 13.766 мегават часови струја. Термоелектраните произведоа од кои 11.203 мегават часа а хидрокапацитетите 2.563 мегавата часови струја. Во последните 24 часа 2.210 мегавати часови струја се од слободен пазар а наменети потребите на МЕПСО, капацитети од прехранбената индустрија, училишта, јавни претпријатија и други објекти од виталната инфраструктура во државата.

XS
SM
MD
LG