Линкови за пристапност

Русија ја ослободи Бритни Грајнер во размена на затвореници со САД


Русија ја ослободи американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер во размена на затвореници на високо ниво, според американски официјален претставник.

Новинските извештаи велат дека САД го ослободиле озлогласениот руски дилер на оружје Виктор Бут како дел од договорот.

Претседателот Џо Бајден на Твитер напиша дека разговарал со Грајнер и дека „Таа е безбедна. Таа е во авион. Таа е на пат кон дома“.

Грајнер, двапати освојувач на златен медал на Олимпијадата, беше уапсенa на 17 февруари на московскиот аеродром со масло од канабис, кое е забрането во Русија. Таа беше осудена на 4 август на девет години под обвинение за поседување и шверц на дрога.

XS
SM
MD
LG