Линкови за пристапност

Заклетва пред амбасадорката Агелер: Нова група волонтери од Мировниот корпус на служба во македонските села и градови


Волонтерите од Мировниот корпус градат трајни мостови меѓу луѓето од нашите две држави низ годините, рече амбасадорката на САД, Анџела Агелер
Волонтерите од Мировниот корпус градат трајни мостови меѓу луѓето од нашите две држави низ годините, рече амбасадорката на САД, Анџела Агелер

Волонтерите го претставуваат најдоброто од тоа што Америка го нуди на светот. Во исто време, тие со себе назад во Америка го носат најдоброто од тоа што Северна Македонија му го нуди на светот, рече амбасадорката Анџела Агелер

Во училишта низ повеќе градови и села низ земјава во следните две години ќе служат повеќето од 15. Американски волонтери од новата 25. група на Мировниот корпус.

Волонтерите денеска положија заклетва пред амбасадорката на САД, Анџела Агелер, дека ќе ја шират мисијата на Мировниот корпус за помагање на земјите во кои има потреба од квалификувани лица.

Волонтерите го претставуваат најдоброто од тоа што Америка го нуди на светот. Во исто време, тие со себе назад во Америка го носат најдоброто од тоа што Северна Македонија му го нуди на светот, а особено на Америка
Анџела Агелер, Амбасадорка на САД

„Волонтерите го претставуваат најдоброто од тоа што Америка го нуди на светот. Во исто време, тие со себе назад во Америка го носат најдоброто од тоа што Северна Македонија му го нуди на светот, а особено на Америка. Тие градат трајни мостови меѓу луѓето од нашите две држави низ годините“, рече амбасадорката Агелер, која и самата е поранешна волонтерка на Мировниот корпус.

Анџела Агелер, Амбасадорка на САД
Анџела Агелер, Амбасадорка на САД

Во групата волонтери се претежно лица што се на крај од универзитетските студии и кои имаат желба да помагаат со своите вештини и знаења. Повеќето од нив ќе бидат ангажирани во предавање на англискиот јазик, но во исто време ќе го учат и македонскиот јазик.

„Очекувам да го подобрам мојот македонски јазик. Ме радува што ќе можам да ги учам македонски луѓето кои можеби не го познаваат јазикот или не знаат доволно за земјава. Очекувам дека ќе создадам одлична поврзаност со пријатните луѓе од овде“, вели Дера Рекар, волонтерка од Хаваи, САД.

Ангажманот на американските волонтери ќе биде и низ селата во државата.

„Ќе предавам англиски како странски јазик. Ќе работам во Облешево, но и во пет други училишта. Сите сме возбудени да ја почнеме службата, да отидеме во нашите заедници и да почнеме да работиме со децата, со младите и да го дадеме најдоброто од себе“, вели Џо Додсон, волонтер од Алабама, САД.

Ќе работам во Облешево, но и во пет други училишта - Џозеф Додсон, волонтер од Алабама
Ќе работам во Облешево, но и во пет други училишта - Џозеф Додсон, волонтер од Алабама

Првата група волонтери од Мировниот корпус во земјава пристигнаа во 1996 година. Од тогаш повеќе од 800 американски граѓани биле дел од програмите на Корпусот во помагање на локалното население, со фокус на младите лица.

Мировниот корпус е основан во 1961 година, од страна на претседателот Џон Ф. Кенеди. Корпусот има три главни цели: Да им помогне на земјите коишто имаат потреба од квалификувани лица, да промовираат подобро разбирање на американскиот народ, како и да споделат информации за заедниците каде што живеат и работат волонтерите со американските заедници и семејства.

XS
SM
MD
LG