Линкови за пристапност

В понеделник помасовна блокада на Скопје ако нема решение за приватните превозници, рече Ленин Јовановски


Од Градот велат дека не прифаќаат да преговараат под притисоци и најавија дека од идната недела ќе биде објавен нов јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници
Од Градот велат дека не прифаќаат да преговараат под притисоци и најавија дека од идната недела ќе биде објавен нов јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници

Стотици автобуси на приватните превозници денес делумно го блокираа Скопје.

Еден од главните булевари, кој води кон зградата на владата, беше половично прооден. Автобусите беа паркирани и пред градското собрание и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска на која поревозниците се најмногу гневни..

„Она знае и сите знаат дека ни должи повеќе 1,5 милиони евра чесно заработени пари. Не` доведоа до питачки стап, извршители не` чекаат. Не можеме дома храна да однесеме. Нашите автобуси се овде паркирани, а граѓаните мака мачат да бидат превезени со ЈСП зашто знаеме дека ЈСП нема толкав капацитет. Решение-итен прием кај градоначалничката и неделните паушали да ни се исплаќаат за да можеме да сообраќаме, народот да може да се транспортира, срамота е граѓаните да бидат колатерална штета“, вели Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“.

Денешната делумна блокада е одговор и на чекорот на Град Скопје за прекинување на договорот со дел од приватните превозници поради, како што се тврди, неисполнување на дел од обврските од договорот.

Скопје пак делумно блокирано
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:32 0:00

Од Градот велат дека не прифаќаат да преговараат под притисоци и најавија дека од идната недела ќе биде објавен нов јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници, како обид за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми.

Додека траат обвинувањата на релација приватни превозници – Град Скопје за тоа кој е виновен, трпат граѓаните кои подолг период немаат соодветен јавен превоз.

Во кавгата се вклучија и партиите – ВМРО-ДПМНЕ со чија поддршка Арсовска беше избрана за градоначалничка, сега ја обвинува дека тајно соработува со владејачката СДСМ. Социјалдемократите вината ја гледаат во опозицијата.

„Хаосот во градот е резултат на коалицијата на Арсовска со СДС. Данела Арсовска и Димитар Ковачевски како што се договориле за тендерите, така да се договорат и веднаш да најдат решение за приватните превозници се` со цел хаосот во градот да прекине“, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Белимов од СДСМ вели дека „главниот град денеска е блокиран поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните се оставени без јавен превоз, сообраќајот во една од најфреквентните сообраќајници е отежнат, автобусите се преполни, скопјани се оставени сами на себе. Каде и да пипне ВМРО-ДПМНЕ прави хаос.“

Автобусите денеска само делумно го блокираа Скопје. Но, ако нема решение?

„Во спротивно оној протест што е најавен за помасовна блокада на градот Скопје ќе се реализира в понеделник“, рече Ленин Јовановски.

XS
SM
MD
LG