Линкови за пристапност

Зеленски: „Украинските правила ќе надвладеат“


Британското Министерство за одбрана во петокот за Украина рече: „Руското повлекување од западниот брег на реката Днепро минатиот месец им даде можност на украинските вооружени сили да нападнат дополнителни руски логистички јазли и линии за комуникации“.

Од таму додаваат: „Рускиот недостиг на муниција е веројатно еден од главните фактори кои моментално го ограничуваат потенцијалот на Русија за рестартирање на ефективни, големи офанзивни копнени операции“.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон дека би бил подготвен да разговара со рускиот претседател Валдимир Путин само доколку Путин сака да ја запре руската инвазија на Украина. Бајден рече дека секоја средба што ќе ја има со Путин ќе биде направена по консултации со сојузниците во НАТО. „Нема да го сторам тоа сам“, рече тој.

Во своето секојдневно обраќање во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски потсети на референдумот одржан пред 31 година на 1 декември „кој ја обедини целата територија на нашата држава. Сите ја изразија својата поддршка“.

„Луѓето го потврдија актот за прогласување независност на Украина - слободно и легално. Тоа беше вистински референдум, чесен референдум, и затоа беше признаен од светот. Украинските правила ќе надвладеат“, рече Зеленски.

Советник на Зеленски вели дека околу 13.000 украински војници загинале во руската инвазија на Украина.

Ројтерс јавува дека три лица загинале, а седум се ранети во текот на ноќта во јужниот украински регион Керсон.

XS
SM
MD
LG