Линкови за пристапност

Истрага за писма-бомби до шпанскиот премиер Санчез, но и украинската Амбасада во Мадрид


Извештаите велат дека официјални лица, исто така, ја зајакнале безбедноста на јавните и дипломатските згради.
Извештаите велат дека официјални лица, исто така, ја зајакнале безбедноста на јавните и дипломатските згради.

Властите во Шпанија истражуваат серија писма-бомби испратени до премиерот на земјата, украинската амбасада во Мадрид и други локации.

Извештаите велат дека официјални лица, исто така, ја зајакнале безбедноста на јавните и дипломатските згради.

Шпанското Министерство за внатрешни работи во четвртокот соопшти дека „плик со пиротехнички материјал“ адресиран до премиерот Педро Санчез бил примен на 24 ноември и неутализиран.

Министерството соопшти дека пакетот бил сличен на оние што пристигнале на другите локации. Повеќето од другите пакети беа исто така неутрализирани, но еден што го прими украинската амбасада експлодираше во средата, при што беше повреден еден вработен.

Официјални лица рекоа дека пакетите пристигнале во четвртокот во шпанското Министерство за одбрана и во воздухопловната база Торехон де Ардоз.

Друг пакет пристигна во средата во Инсталаза, компанија која произведува фрлачи на гранати што Шпанија ја испрати во Украина.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG