Линкови за пристапност

Владата се откажува од воведување на прогресивен данок


Останува рамниот данок од 10 отсто на личниот доход. Оданочување на каматите на депозити нема да има. Нема зголемување на ДДВ и на данокот на добивка. За хонорарите ќе се одлучуваат самите граѓани дали ќе ги оданочат или не. Згоолемување на данок ќе има за луксузна храна. Даночната реформа треба да донесе 70 милиони евра плус во Буџетот


СКОПЈЕ – Прогресивен данок од 1 јануари идната година нема да има, ниту пак зголемување на ДДВ-то, данокот на добивка останува 10 отстои нема да има оданочување на каматите на депозитите. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими, го презентираа новиот Концепт на даночна реформа која е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021 – 2025 година а со која во Буџетот ќе се слеат дополнителни 70 милиони евра.

„Резултатот од новиот Концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспарентно управување со јавните финансии, што е особено важен во услови на оваа најголема економска криза. Нашата визија е да креираме праведен, ефикасен, модерен даночен систем, кој ќе има улога во одржување на здрави макроекономски фундаменти, ќе го поддржи економскиот развој, ќе даде поддршка во општествено корисните процеси, па дури и ќе има корективна улога, како во случајот со зелените даноци. Овој концепт е направен во инклузивен процес“, изјави премиерот Ковачевски.

Околу данокот на добивка за кој имаше долга дебата одлуката е дека доколку добивката не се реинвестира и се искористи како даночно ослободување, ќе има високи казни. Владата најави дека планира да ги одаочи компаниите кои успеаа да профитираат од енергетската криза на на кој начин ќе се изведе ова дополнително ќе се утврдува.

Реформата предвидува зголемување на данокот од 5 на 10 отсто на луксузните производи - неколку илјади продукти.

Малите фирми и трговците ќе имаат опција да бираат, дали ќе плаќаат данок на добивка или пак на вкупен приход.

За хонорарците пак има можност доколку сакаат доброволно да си ги плаќаат придонесите. Освен за платите во менаџерските договори ќе се плаќа данок на личен доход и за менаџерските бенефиции како што се за стан, возило и стипендии за деца.

Кога станува збор за репродуктивното здравје на жените и средствата за менструална хигиена Владата пресече и го намали данокот од 18 на 5 отсто.

Министерот за финансии Фатмир Бесими пак соопшти дека постои можност да се воведе викенд без ДДВ но тој ќе важи само за прехранбените производи и би се спроведувал една или две недели за време на празници.

„Сакаме да им дадеме можност пред се за граѓаните со понизок социјален стандард за време на празниците да си дозволат да слават, а да не плаќаат данок. Мислам дека како општество можеме да си го дозволиме тоа“ изјави министерот Бесими.

Тој додаде дека се разгледува како можност одданочување на екстра профитот што го остваруваат некои големи компании а идејата произлегла од јавните дебати со екрпестката јавност. Симулациите на финансии дека оваа мерка доколку била применета во 2021 година во Буџетот би донела 50 милиони евра плус. Сепак за евентуалното оданочување на екстра профитот дополнително ќе се дебатира со бизнис заедницата која би била евентуално најзасегната.

XS
SM
MD
LG