Линкови за пристапност

Кинеската комунистичка партија одлучно ќе се бори против демонстрантите, ако треба и со сила


ПЕКИНГ (АП) Кинеската владејачка Комунистичка партија вети дека „одлучно ќе ги запре активностите на инфилтрација и саботажа на непријателските сили“, по најголемите улични демонстрации што ги организираа граѓаните кои се заситени од строгите антивирусни ограничувања.

Изјавата на Централната комисија за политички и правни прашања објавена доцна во вторникот доаѓа во време на масовна демонстрација на сила на безбедносните служби за да се спречи повторување на протестите што избувнаа во текот на викендот во Пекинг, Шангај, Гуангжу и неколку други градови.

Иако не се осврна директно на протестите, изјавата служи како потсетник за решеноста на партијата да го спроведе своето владеење.

Стотици теренци, комбиња и оклопни возила беа паркирани покрај градските улици во средата, додека полицијата и паравоените сили вршеа случајни проверки на личните податоци и ги пребаруваа мобилните телефони на луѓето.

Не е познат бројот на лица кои се приведени на демонстрациите и во следните полициски акции.

Денес, американскиот амбасадор во Кина, Николас Барнс, рече дека ограничувањата, меѓу другото, ги оневозможуваат американските дипломати да се сретнат со американските затвореници кои се чуваат во Кина, како што е наложено со меѓународниот договор. Поради недостаток на комерцијални авиокомпании во земјата, Амбасадата мора да користи месечни чартер летови за да го премести својот персонал внатре и надвор.

XS
SM
MD
LG