Линкови за пристапност

Американците денес го празнуваат Денот на благодарноста


Денот на благодарноста е празник во чест на жетвата кој главно се прославува во САД и Канада. Традиционално, тоа било период за искажување благодарност за богатата жетва. Иако првобитното прославување имало религиозна основа, во денешно време Денот на благодарноста пред сѐ се идентификува како световен празник.

Во денешно време, во Канада, Денот на благодарноста се прославува на вториот понеделник од октомври, а во САД се прославува на последниот четврток од ноември. Денот на благодарноста во Канада се паѓа на истиот ден како и празникот во чест на Кристофер Колумбо во САД.

Во Северна Америка, Денот на благодарноста води потекло од мешавина од европски и домашни обичаи. Карактеристично за Европа е тоа што празниците се прославувале пред и по жетварската сезона за да му се заблагодарат на Бог за добрата жетва и да се радуваат заедно со останатите од заедницата по напорната работа. Во тоа време, северноамериканските Индијанци исто така го прославувале крајот на жетварската сезона. Кога Европејците првпат дошле во Америка, со себе ги понесле нивните обичаи од Европа за празникот во чест на жетвата, прославувајќи го нивното безбедно патување, мирот и добрата жетва.

Иако денес САД ја празнува приказната за првиот Ден на благодарноста прославен во 1621 година во Плимаут, Масачусетс, постојат неколку докази за претходно прославување во чест на жетвата на континентот, од страна на шпанските истражувачи во Флорида во 1565 година, како и гозби во чест на жетвата во колонијата Вирџинија.

Традиционалното потекло на современиот Ден на благодарноста во САД, а не на првиот Ден на благодарноста од каков било тип на континентот, општо земено се смета дека произлегува од прославата што се одржала во 1621 година во местото познато како Плантажите на Плимаут, во Масачусетс.

Во почетокот, додека колонијата во Плимаут немала доволно храна за да прехрани половина од сто и двајцата колонисти, северноамериканските Индијанци од Вампаног им помогнале на првите англиски пуритански доселеници во Масачусетс да ја обработуваат земјата и да ловат риба, спасувајќи ги од гладување. Сепак, обичајот да се прославува ваков годишен празник во чест на жетвата не прераснал во редовен настан во Нова Англија сѐ до доцните шеесетти години на XVII век.

Според историчарот Џереми Бенгс, директор на Музејот во Лајден за првите англиски пуритански доселеници во Америка, врз првите англиски пуритански доселеници влијаело гледањето на годишните служби на Денот на благодарноста за ослободување од опсадата на Лајден во 1574 година, додека престојувале во Лајден.

XS
SM
MD
LG