Линкови за пристапност

Зголемено патување за Денот на благодарноста


Експертите за патувања велат дека можноста на многу луѓе да работат од далечина им дозволува да полетаат рано за Денот на благодарноста или подоцна да се вратат дома.
Експертите за патувања велат дека можноста на многу луѓе да работат од далечина им дозволува да полетаат рано за Денот на благодарноста или подоцна да се вратат дома.

Празничните патувањата веќе се во тек, а оваа година може да се прошири повеќе денови од вообичаеното.

Експертите за патувања велат дека можноста на многу луѓе да работат од далечина им дозволува да полетаат рано за Денот на благодарноста или подоцна да се вратат дома.

„Кога станува збор за патувањето за празникот Денот на благодарноста, на аеродромите во Хјустон се гледа поголема толпа отколку во 2019 година. Очекуваме да пречекаме близу 2,3 милиони патници во текот на продолжената сезона на патувања. Се очекува ова да ги надмине бројките што ги видовме пред пандемијата Ковид-19 во 2019 година“, изјави Мелиса Кореа, портпаролка на аеродромот во Хјустон.

Управата за безбедност во сообраќајот прегледа повеќе од 2,6 милиони патници во понеделникот, надминувајќи ги 2,5 милиони прегледани во понеделникот пред Денот на благодарноста во 2019 година.

Некои патници очекуваат да патуваат, додека други планираат празнично изненадување.

„Ова патување го планиравме во последен момент. Но, со нетрпение очекувам да ја видам мајка ми. Беше во болницата. Таа не знае дека ќе дојдам, па се надевам дека ќе се израдува колку мене, кога ќе ја видам“, изјави Декстер Греј, која патува за Денот на Благодарноста.

Американската автомобилска асоцијација, Triple A, предвидува дека скоро 55 милиони луѓе во САД ќе патуваат најмалку 50 милји од дома оваа недела, што е зголемување во однос на минатата година и само 2% помалку отколку во 2019 година.

XS
SM
MD
LG