Линкови за пристапност

Во Агенцијата за национална безбедност е направен пропуст во случајот Онишченко


Пропуст во случајот `Онишченко`“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:31 0:00

Пропуст во случајот `Онишченко`“

„Во Агенцијата за национална безбедност е направен пропуст во случајот `Онишченко`“ – призна директорот на АНБ по денешната седница на надлежната собраниска комисија на која образложуваше како се случила ваква грешка.

Виктор Димовски вели дека е подготвен, ако се утврди, да сноси одговорност за тоа како проблематичен украински бизнисмен со руско државјанство, ставен на црната листа на САД, во мај годинава добил македонско државјанство по претходно позитивно мислење на АНБ.

Димовски уверува дека во неговата институција сите безбедносни проверки се прават во согласност со НАТО-стандардите, дека постојат повеќе нивоа на утврдување потенцијални закани, но истовремено и потврди дека за Олександр Онишченко кикснало последното ниво – координација на АНБ со службите на НАТО земјите, вклучувајќи ја и американската.

„Кога влеговме да анализираме дали сите овие нивоа ја испочитувале процедурата констатиравме дека последното ниво кое требало да направи консултација со партнерите во НАТО дало согласност без да се направи последниот чекор – потребната консулатција со НАТО. Затоа во АНБ преземени се неколку мерки, лоциран е човекот кој се потпишал преземени се мерки за утврдување на одговорност.“, изјави Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност.

Димовски, кој треба да биде иден македонски амбасадор во Париз - номинација која сега станува неизвесна поради скандалот, е свесен дека ударот врз АНБ е сериозен и како, што вели, ја засенува досегашната работа на агенцијата.

„Нема да бегам никаде ако се утврди и моја одговорност“, вели првиот човек на државната безбедносна служба.

„Воспоставен е систем како што треба, ние уште еднаш ќе го преиспитаме системот. Се работи за една алка во тој систем која направила голем пропуст кој може да ја компромитира работата и сите постигнувања на АНБ. Многу сериозно го разбираме сето ова и ќе преземеме се што треба за тоа да не се повтори. Одговорноста ќе биде утврдена на локално ниво, а ако мене ме прашувате јас сум тука, нема да одам во Грција, Будимпешта, подготвен сум да се соочам со се ако се процени дека треба да сносам одговорност.“, изјави Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност.

Денеска, паралелно со испитувањето на овој безбедносен пропуст, се случи нов – дел од седницата, која поради чувствителноста на информациите беше затворена за јавноста и медиумите, се емитувал на Јутјуб.

„Добредојдовте во Република Македонија под власт на СДСМ и ДУИ.“, истакна Љупчо Пренџов, Комисија за надзор на работата на АНБ.

Поради ваквата ситуација комисиската седница беше прекината и ќе продолжи наредната недела кога дополнително ќе се утврдува како човек со проблематично минато за кој американските служби утврдиле дека се мешал и влијаел врз претседателските избори во САД во 2020 добил македонско државјанство и дури ја претставувал земјава во коњички скокови.

XS
SM
MD
LG