Линкови за пристапност

Русија подготвена за размена на затвореници со САД


Русија во петокот соопшти дека се надева дека ќе постигне размена на затвореници со САД за да го врати осудениот руски трговец со оружје Виктор Бут, познат како „Трговецот на смртта“, во размена во која најверојатно ќе биде вклучена и американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер, објави Ројтерс.

Според Ројтерс, среде најсмртоносната војна во Европа по Втората светска војна, Русија и САД истражуваат постигнување Договор со кој затворените Американци, вклучително и Гринер, би можеле да се вратат во САД во замена за Боут.

„Сакам да се надевам дека перспективата не само што останува, туку и се зајакнува, и дека ќе дојде моментот кога ќе добиеме конкретен договор“, рече рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, цитиран од Интерфакс.

„Американците покажуваат одредена надворешна активност, ние работиме професионално преку посебен канал дизајниран за ова“, рече Рјабков.

За двајцата поранешни лути непријатели од Студената војна, кои сега се во најтешката конфронтација од Кубанската ракетна криза во 1962 година, размената ќе означи една од понеобичните размени на затвореници во нивната историја.

XS
SM
MD
LG