Линкови за пристапност

Афера „Паразити“: 120 илјади евра тежи мандатот на Кире Наумов


Опозициската ВМРО – ДПМНЕ, продолжи со објавување на личните доходи на функционерите именувани од Владата. Денеска со три нови имиња кои во четиригодишниот мандат ќе инкасираат половина милион евра. Опозицијата тврди никој нема бенефит од нивната работа

СКОПЈЕ – Кире Наумов, функционер од редовите на СДСМ, кој во моментов е поставен на местото директор на Македонска банка за обнова и развој има месечна плата од 2.500 евра и во својот четиригодишен мандат само од плати ќе инкасира 120 илјади евра. Опозициската ВМРо – ДПМНЕ продолжи со објавување на имињата и платите на функционери именувани од Владата а членови или блиски до владеачките партии.

„Не е единствен проблем немаштијата во која живеат поголемиот број на граѓани, туку и тоа што овие функционери со ништо не ги оправдале парите кои ги земаат. Народот, не гледа бенефит од нивната работа. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец“, изјави Ивица Томовсдки, член на централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

Следен на листата која беше објавена денеска од партиското седиште е Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, чија месечна плата изнесува 6.000 евра месечно. Од опозицијата пресметале дека во неговиот мандат само на основ на плата ќе му се исплатата вкупно 288 илјади евра.

Плата од 132 илјади денари месечно има директорот на Агенцијата за електронски коуникации (АЕК), Јетон Акику. Според ВМРО – ДПМНЕ, во четирите години како директор, тој ќе инкасира 120 илјади евра.

Од партијата соопштија дека осуммината партиски функционери кои досега се објавени тежат 1,5 милиони евра за плати во нивните мандати и обвинуваат дека ниту граѓаните ниту државата имаат бенефит од нивното именување ниту пак може да се види што всушност тие сработиле.

XS
SM
MD
LG