Линкови за пристапност

Договорот за извоз на украинско жито преку Црното море продолжен за уште четири месеци

Продолжувањето дојде неколку дена пред потенцијалното истекување на првичниот договор што Турција и Обединетите нации го постигнаа во јули за да овозможат обновување на испораките на жито што беа прекинати со руската инвазија на Украина.

Украинските и турските власти во четвртокот рекоа дека Договорот што овозможува извоз на украинско жито преку Црното Море ќе продолжи уште четири месеци, според сегашните услови.

Продолжувањето дојде неколку дена пред потенцијалното истекување на првичниот договор што Турција и Обединетите нации го постигнаа во јули за да овозможат обновување на испораките на жито што беа прекинати со руската инвазија на Украина.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави продолжувањето, велејќи во соопштението дека ОН се посветени на обезбедување „оваа витална линија за снабдување да продолжи да функционира непречено“.

Тој додаде дека ОН се посветени и на отстранување на пречките во врска со поврзаниот договор за извоз на храна и ѓубрива од Русија.

„Двата договора потпишани во Истанбул пред три месеци се од суштинско значење за да се намалат цените на храната и ѓубривата и да се избегне глобална прехранбена криза“, рече Гутереш.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во твитот објави дека Украина, Гутереш и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „донесоа клучна одлука во глобалната борба против кризата со храна“.

Иницијативата „Црноморско жито“ го олесни извозот на 11 милиони метрички тони украинско жито, од кои две третини, завршија во земјите во развој.

XS
SM
MD
LG