Линкови за пристапност

Скратување на часовите како мерка за штедење


Училиштата предлагаат решение за ублажување на енергетската криза, Министерството за образование на потег
Училиштата предлагаат решение за ублажување на енергетската криза, Министерството за образование на потег

Тешка зима ги чека училиштата во земјава. Енергетската криза, принуди дел од образовните институции да бараат алтернативни решенија, наставниот процес да не трпи, а од друга страна да се заштеди на струја и греење. Училиштата во Струга, бараат од Министерството за образование, за 10 минути да бидат скратени часовите. Таква одлука донесе и Советот на општината.

„Образовниот процес воопшто нема да трпи поради тие десет минути скратување, а ние временски многу би добиле за да заштедиме дел електрична енергија, дел греење за просториите. Ако ни се дозволи скратувањето за 10 минути, втора смена наместо во 13 и 30 часот би почнувала во 12 и 30 часот. Со тоа втората смена би завршила во 17 часот, а сега завршува во 19 и 30 часот. Два ипол часа многу значат за нас“, вели Кети Јанкоска, директорка на средно училиште Нико Нестор-Струга.

Јордан Пуроски, директор на основно училиште Св.Климент Охридски-Охрид вели „треба да видиме каква ќе биде зимата. Доколку е премногу студено, може да се донесе одлука за продолжување на зимскиот распуст. Во однос на електричната енергија, ние правиме напори за намалување на потрошувачката. Секој ден имаме задолжени лица да внимаваат дали опремата работи, па дури и внимаваме дали комјутерите вработените ги оставаат исклучени и вклучени“.

Пуроски вели дека иако ги имаат обезбедено потребните количини на енергенси, за да можат да ја поминат оваа учебна година, секоја одлука на надлежните ќе ја почитуваат.

Општините од Полошкиот регион се за продолжен зимски распуст во интерес на штедење на струја и останати енергенси.

Ќе се заштеди ли струја ако се скратат часовите во училиште?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

„Јас побарав тие два месеци кои се најстудени, тоа се декември и јануари, да бидат два месеци распуст во зима, со тоа што летниот распуст на децата би траел од 15 јули и учебната година би започнала некаде околу 20 август. Летниот распуст би траел само месец дена, а зимскиот два месеци. Тоа би се однесувало само на учебната година 2022/2023, а потоа би продолжиле како што си е редот“, рече Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

Таравари вели дека крајната одлука за тоа, ја има Министерството за образование.

„Но едно нешто знам, дека сметките за електрична енергија последните два-три месеци се екстремно високи. За општина Гостивар, само за два месеци сметката беше 500.000 евра, што е цифра која не можеме да ја покриеме со буџетот“.

Инаку владата донесе одлука, со која, училиштата ќе може да купуваат поевтина струја на регулираниот пазар. Велат дека на овој начин ќе се овозможи непречено одвивање на наставата во периодот есен-зима.

XS
SM
MD
LG