Линкови за пристапност

САД им оддават почит на ветераните


Денес им оддаваме почит на непопустливата храброст и посветеност што ги разликуваат сите оние кои ја добија титулата американски ветеран, рече претседателот Џо Бајден
Денес им оддаваме почит на непопустливата храброст и посветеност што ги разликуваат сите оние кои ја добија титулата американски ветеран, рече претседателот Џо Бајден

Денес САД го слават Денот на ветераните, во чест на воените ветерани на вооружените американски сили. Иако повеќето државни празници во САД паѓаат во понеделник најблиску до вистинскиот датум на настанот што го слават, Денот на ветераните е еден од ретките што секогаш се одбележува на самиот ден 11 ноември.

Во 1954-тагодина, претседателот Двајт Ајзенхауер го прошири празникот во чест на сите кои служеле во униформи, и во војна и во мир, а во 1971 година, „Денот на примирјето“преминал во „Ден на ветераните“, со што подобро го одразува духот на прославата.

„Денес им оддаваме почит на непопустливата храброст и посветеност што ги разликуваат сите оние кои ја добија титулата американски ветеран“, рече претседателот Џо Бајден.

„Тоа е чест што само мал процент од Американците можат да го добијат, и чест за оние што можат да се прифатат како браќа и сестри. Тоа е значка на храброст што ги обединува сите возрасти, без оглед на потеклото, затоа што да се биде ветеран значи да се издржат и преживеат предизвици кои повеќето Американци никогаш нема да ги почувствуваат“.

„На сите наши ветерани, минати и сегашни, ви благодариме, ве почитуваме и секогаш се сеќаваме на она што сте го направиле за нас“, рече претседателот Бајден.

XS
SM
MD
LG