Линкови за пристапност

Зеленски отворен за „вистински“ преговори со Русија

Зеленски рече дека неговата земја е отворена за разговори со Москва доколку се обноват границите на Украина, ако се обесштетат жртвите од руската инвазија и напади и ако се направат напори сторителите да одговараат пред суд.

Пред обраќањето до светските лидери на глобалниот Самит за климата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговата земја е подготвена да ги разгледа „вистинските“ преговори со Русија.

Зеленски рече дека неговата земја е отворена за разговори со Москва доколку се обноват границите на Украина, ако се обесштетат жртвите од руската инвазија и напади и ако се направат напори сторителите да одговараат пред суд.

Коментарите на претседателот Зеленски следат по извештајот на Вашингтон пост во кој се вели дека САД сакаат Украина да покаже подготвеност за мировни преговори.

Таа подготвеност, според извештајот, ќе ја зајакне меѓународната поддршка за Киев. Шефот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексеј Данилов, рече дека „главниот услов“ за такво разгледување ќе биде „обновувањето на територијалниот интегритет на Украина“.

Данилов додаде дека треба да има некаква „гаранција“ за модерна противвоздушна одбрана, авиони, тенкови и ракети со долг дострел, изразувајќи повици за континуирана меѓународна помош.

XS
SM
MD
LG