Линкови за пристапност

Амбасадорката Агелер ги предаде акредитивните писма на министерот Османи


Шефот на дипломатијата се заблагодари на континуираната помош на САД во евроинтегративните процеси. Османи е уверен дека амбасадорката Агелер со нејзиното искуство ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката

Новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер, утрово имаше средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи, на која му ги предаде на копиите од акредитивните писма.

Шефот на дипломатијата Османи се заблагодари за континуирната помош и поддршка на САД во евроинтегративните процеси на Сверна Македонија и извраи уверување дека новоименуваната амбасадорка Агелер со нејзиното искуство ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката.

„Во билатерален контекст, соговорниците го поздравија развојот на севкупните односи, засновани на традиционално пријателство и споделени демократски вредности. Османи ги нагласи првичните резултати кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД, како ново поглавје во односите и надградба на стратешкото партнерство, како и посветеноста за дефинирање на идните активности кои имаат за цел понаташно поттикнување на рефомските процеси и демократски развој на државата“,соопштија од МНР.

На денешната средба Агелер и Османи разговараа и за силното сојузништво меѓу двете земји во рамки на НАТО, со посебен акцент на руската воена агресија во Украина, како и за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

XS
SM
MD
LG