Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро не го призна поразот во неговите први јавни изјави по поразот на изборите, велејќи дека протестите на неговите поддржувачи се плод на „огорченост и чувство на неправда“ поради гласањето.
Некои гласачи веруваат дека Болсонаро може да стори повеќе за да ги смири протестите додека земјата се подготвува да го промени раководството.
Ана Паула, 38-годишна жителка „Начинот на кој тој зборуваше е дека ужива во демонстрациите. Мислам дека бидејќи е претседател може да стави крај на тоа, но тој рече дека демонстрациите - треба да продолжат. Мислам дека сака малку да ја запали атмосферата во земјата“.
27-годишен поддржувач на Болсонаро изјави дека „ние ги почитуваме сите полициски наредби, тотално различни од левичарите, кои кршат работи, палат.“.
Болсонаро го искористи својот говор за да им се заблагодари на своите поддржувачи и да ги охрабри нивните протести, се додека тие беа мирни.