Линкови за пристапност

Северна Кореја тестираше најмалку 24 проектили, Сеул под зголемена будност


Според јужнокорејската војска, една од севернокорејските проектили паднала во водите на само 57 километри источно од Сокчо, крајбрежен туристички град на североистокот на Јужна Кореја.
Според јужнокорејската војска, една од севернокорејските проектили паднала во водите на само 57 километри источно од Сокчо, крајбрежен туристички град на североистокот на Јужна Кореја.

Северна Кореја истрела најмалку 24 проектили во средата, вклучително и најмалку три кон јужнокорејска територија, невиден бараж што предизвика предупредувања на телевизиите на југот и сирени за воздушен напад на остров во близина на брегот.

Според јужнокорејската војска, една од севернокорејските проектили паднала во водите на само 57 километри источно од Сокчо, крајбрежен туристички град на североистокот на Јужна Кореја.

Друг проектил падна на 167 километри од округот Улеунг, ретко населен островски регион во близина на источниот брег на Јужна Кореја.

Третиот паднал во меѓународни води на само 26 километри јужно од де факто меѓукорејската поморска граница, соопштија официјални лица.

Северна Кореја истрела над 50 балистички ракети оваа година - рекордно високо ниво - но до денес ниту една не беше лансирана кон јужнокорејска територија или не резултираше со предупредувања за јавен воздушен напад.

XS
SM
MD
LG